На 29.06.2021 г. (вторник), во просториите на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ – Драчево, Скопје, со почеток во 9 часот, ќе се одржи вториот уписен рок за прием на нови ученици.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– Да завршиле основно образование;
– Да имаат основно познавање од Православието;
– Да се телесно и душевно здрави;
– Да не се постари од 18 години;
– Да не се женети;
Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.
Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од V до IX одделение.
Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.
Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:
– Свидетелство за Свето Крштение;
– Свидетелства од V до IX одделение;
– Благослов од надлежниот архијереј;
– Уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин;
– Лекарска потврда;
– Писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист.
За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна до денот на полагањето на приемниот испит.