Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество, кога го прими чинот на мироносица, пред погребението, Ти принесува миро ридајќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта на невоздржувањето и блудот, и мрачната љубов кон гревот ме обзема. Прими ги потоците од моите солзи , Ти, Кој од облаци ја произведуваш морската вода. Приклони се кон моите срдечни воздишки, Ти, Кој ги приклони небесата со Твоето снисходење, за да ги целивам Твоите пречисти нозе и пак да ги избришам со косата од мојата глава – нозе, од кои Ева, кога во рајот го слушна нивното чекорење, од страв се скри. Кој ќе го испита мноштвото мои гревови и бездната на Твоите судови! Спасителу на душата моја, Кој имап неизмерна милост, не презирај ме мене, Твојата слугинка.