Ѓакон Живомир Јосифоски

Роден е на 4 март 1988 година во Тетово, од православни родители протојереј Томислав и Афродита. По завршувањето на основното училиште, во родниот град, школувањето го продолжил како ученик во XXXIX генерација богослови во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски” – Скопје (2002 – 2007). Со понатамошно богословско надградување се здобил на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје (2007 – 2012), а потоа во Санкт-Петербуршката духовна академија – Русија (2013 – 2016), каде магистрира со одбрана на магистерскиот труд од областа на новозаветната егзегетика, на тема: „Егзегеза на случувањата во последните денови и Воскресението на Господ Исус Христос во македонските, српските и бугарските истражувања на XX – XXI век”. Од 1 јануари 2017 година е назначен за професор во Македонската православна богословија. На 24 март 2024 година во првата недела од Великиот пост - недела на Православието е ракоположен во ѓаконски чин од митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф