Презвитер Александар Димоски

Роден е на 11.03.1992 год. во Охрид. Основно образование завршил во селата Ботун и Белчишта. Во 2006 год. се запишал во МПБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а после завршувањето на Богословијата, во 2011 год., своето образование го продолжил на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун - Грција. Дипломира на отсекот за Пастирска и општествена теологија во јуни 2016 год., како дел од групата пет најдобри студенти. Есента, истата 2016 год., се запишува постдипломски студии, на истиот факултет, на катедрата за Литургика, археологија и уметност, специјалност: Литургика. Од 01.01.2017 год., е поставен за редовен професор во МПБ „Свети Климент Охридски“ - Скопје.

Со свои трудови учествува при издавањето на неколку книги, како што се: „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“; „Свети Јован Владимир – хагиографија, химнографија, иконографија“ и „Свети Климент Охридски – хагиографија и имнографија“, како дел од големиот јубилеј 1100 години од упокојувањето на св. Климент. Неговите трудови се објавувани во повеќе броеви од годишниот алманах на Дебарско – кичевската епархија – „Светиклиментово слово“.