Петар Георгиевски

Роден е во Скопје 1980 г. По основното образование завршил средно економско училиште, по што дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Моментално повторно е на студии, овојпат на Богословскиот факултет во Скопје. Од учебната 2013/14 поставен е за професор по македонски јазик и литература при МПБ. Во меѓувреме работи на официјалната интернет-страница на МПЦ – ОА, коуредник, автор на текстови и преведувач е во неколку списанија при МПЦ, но и лектор и коректор е на над 20-тина книги, потоа учебници, списанија и на неколку монографии.