Ѓакон Илија Петров

Роден е на 20 ноември 1990 г. во Скопје. По завршувањето на основното образование, во 2005 г., се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Своето образование го продолжил на додипломски студии во Руската православна семинарија „Света Троица (Holy Trinity) во Џорданвил, Њујорк. Од 2015 г. поставен е за професор при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Работи како главен и одговорен уредник на официјалната интернет страница на Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, но и како уредник на училишното списание „Млад богослов“. На 10 јуни 2021 г, на празникот на Вознесението Христово е ракоположен во ѓаконски чин од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.