Тивка молитва,
слатка како мед
и за миг живееш
во небесниот свет.
Во своето срце
Христос Го гледаш,
и во секој миг
од гревовниот свет
сакаш да бегаш.
Ѓаволот постојано
да те напаѓа ќе сака,
но не плаши се,
над тебе е Божјата рака.
Душо моја,
љуби Го Христа,
Спасителот твој,
кој заради тебе
го жртвуваше животот Свој.
Благојче Атанасоски